За невакцинираните и непрележаните!
Бидејќи сте толку решени дека оваа чума нема да допре до вас, да ве потсетам – многу од нас со хронични болести не можеме да стигнеме до доктор, многу од нашите најблиски со месеци се мачат да закажат преглед, да бидат прегледани, да бидат оперирани, да бидат надгледувани.
Тоа е нашиот систем, господа, сакале или не. Вие верувајте во вашиот имун систем, ама кога тој ќе потклекне, отстапете место на оние што сториле се за себе и своите најблиски без да се потпираат на т.н „медицински“ видеа од Youtube.
Тие од Youtube нека ве лечат, нека ве советуваат, нека ве хоспитализираат, но јас и мојата фамилија одбиваме веќе две години да бидеме заложници и да молиме за еден преглед оти вие сте решиле да не се вакцинирате, а потоа кога згустило, да се пријавувате во болница.
Доста е! На душа носите многу животи, сериозно е доста. Имате лажни сертификати, знаеме сите, носете си ги со здравје, ама носете си ги и последиците од тоа. Не се вакцинирате – платете си за тест. Толку е јасно. Друг начин засега нема. Со среќа и на едни и на други, само престанете да цмиздрите дека не можете да влезете во кафана, во име на сите оние кои патат за воздух во моментов.
Патетични сте.

ФБ статус на Мери Јордановска