Ако има проект, зошто не го покаже за да видиме колку ќе чини бесплатниот превоз со 250 еко-автобуси и кога ќе биде реализиран. Секој проект има буџет, план и рокови за реализација. И автори.

A eве што кажала Арсовска: „Јас тоа што го кажав ќе го реализирам, но не можам во два дена. Луѓето планираат да се селат на Марс и да патуваат на Месечината, сè е возможно, па возможно е да имаме и бесплатен автобуски превоз.“

Еве што известува „Сакам да кажам“: „Градоначалничката Арсовска на првиот брифинг со новинарите не кажа како ќе го реализира проектот за бесплатен јавен превоз што го вети во изборната кампањата, ниту колку пари ќе бидат потребни за тој да се спроведе со оглед на тоа дека ЈСП Скопје работи со загуби со години“.
……..
Прашањето е: Каде е проектот за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси?

Зошто Арсовска сѐ уште го крие нејзиниот проект пред новинарите и граѓаните, ако воопшто има проект за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси?

Ако има проект, зошто не го покаже за да видиме колку ќе чини бесплатниот превоз со 250 еко-автобуси и кога ќе биде реализиран. Секој проект има буџет, план и рокови за реализација. И автори. Има ли воопшто проект Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси?
Целиот текст на Жарко Трајаноски за Слободен печат на следниов ЛИНК.