Уште „испаруваше“ онлајн коментарот против ЕУ од судијата-милионер, а познатата плејада медиуми веднаш го објавија неговиот коментар и ги нападнаа алгоритмите на интернет просторот. Тоа се оние исти медиуми , за кои деновиве дознавме дека во 2018 година добиле милионски суми за кампања против македонските стратешки интереси и зачленувањето во НАТО.
Милионерот Владимир Панчевски, до скоро претседател на Кривичниот суд, човек против кого има кривична пријава за влијание врз судски одлуки, експонент на Сваровски судството во режимот на Груевски, се вклучи во црната антизападна кампања. Некој ќе каже дека тоа и не е некое посебно изненадување и дека овој лик од мрачните искуства со заробеното судство во Северна Македонија само реагира соодветно на неговиот Сваровски код.
Можеби со право некој ќе каже дека нема зошто да се троши „електронско мастило“ на онлајн коментарите на Панчевски против најновите супер оценки за македонските реформи во пресрет на можната одлука да се започнат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ. Веројатно, би имал право секој што ќе каже дека Владимир Панчевски е вчерашна приказна од македонското правосудство, особено по неговото разрешување во декември минатата година. Тој повеќе не е судија, а за истрагите околу неговите „подземни“ активности, да се надеваме, допрва ќе има вести.
Сето тоа би значело дека Панчевски е само уште еден „тврдокорен“ партиски трол кој „има што да каже“ на својот Фејсбук профил за најновиот охрабрувачки документ од Брисел. Веројатно, сето тоа би било точно, доколку не видиме што се случува со неговата објава на социјалните мрежи.
Да бидеме до крај коректни, па да пренесеме што Панчевски напиша ноќта на 2 март, неколку часа откако содржината на нацрт извештајот од Европската комисија беше обелоденет во јавноста:
„Европската Комисија истата онаа која треба да ги почитува и промовира европските вредности, на Унијата колевка на правдата и Европскиот суд за човекови права, со последниот извештај од 02.03.2020 промовира како успех неправосилно разрешување на судии, за кои сѐ уште трае жалбената постапка!
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивилмедиа на следниов ЛИНК.