Добро, зошто луѓето не бегаат во Русија!?
Убава, голема, богата земја.
Со најдобри ракетни системи, гас, нафта, вотка, боршч и кавијар…
Со Толстој и Пушкин.
И Путин, нормално.
Зошто не им се допаѓа во Турција!?
Или зошто не им се допаѓаат Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, па дури и Словенија, туку сакаат директно во Париз или во Берлин.
Ништо под Лондон.
Каква е таа битка на живот и смрт.
Ако животот се скока.
А во смртта се влегува така лесно.
Како во претрупан чамец со мали деца, па на отворено море.
Какво е тоа родителство!?
Поголема смисла има човек да се качи на авион, па да скокне над Берлин.
Небото таму е убаво.
Не, не се заебавам со тажната судбина на луѓето кои останале без домови.
Мојата барака во Орешани останува отворена за една или две фамилии.
Но, со сите ризици, предлагам на работите да погледнеме и од еден друг агол.
Зошто јуришаат на границата!?
Со мали деца во облакот од солзавец!?
Поведението на тие групи не е бегалско.
Имаат нешто манекенско во себе.
Колку и да звучи ова одвратно.
Прават сесии кои ќе го возбудат јавното мислење во Старата дама.
И за себе ќе обезбедат супериорна позиција во моралните и политички дискусии.
Но, еве, Ердоган вика дека на бегалците веднаш ќе им се допадне во Турција штом Европа ќе ги поддржи турските иницијативи и опции во Сирија.
Јуришите ќе престанат.
Хистеријата се диригира.
Се произведува.
Медиумски, финансиски, можеби, дури и хемиски.
Не знам.
Нема никакви дилеми дека хуманитарните аспекти на кризата никогаш не би предизвикале вакви драми да не се манипулативните, безбедносни, политички, геополитички, па, дури и воени елементи, со кои се надоградуваат до таа мерка што се губат во своето второстепено значење.

ФБ статус на Бранко Тричковски