ВМРО ДПМНЕ- Никакви вонредни мерки,короната не е опасна, тоа е обичен вирус кој брзо ќе помине.

СДСМ- Светска пандемија е и мора да се носат мерки за заштита на здравјето на граѓаните!

ВМРО ДПМНЕ-Короната се шири оваа влада не превзема ништо.

СДСМ-Водедуваме вонредна состојба, го ограничуваме работното време на потенцијални жаришта, воведуваме физичка дистнца согласно препораки на Светска Здравствена организација.

ВМРО ДПМНЕ- Вонредната состојба е само за да си ги донесат законите кои им одговараат на владејачкото мнозинство.

СДСМ- Се укинува вонредна состојба, остануваат во сила мерките за заштита на здравјето на граѓаните се предлага закон за задолжително носење на заштитни маски.

ВМРО ДПМНЕ- Нема потреба од носење на заштитни маски на отворено.

СДСМ- Предлагаме закон за заем од Светска банка вреден 80 милиони долари, најголем дел наменети за подобрување на условите за работа на здравствените работници.

ВМРО ДПМНЕ- нормално го кочи задолжувањето.

СДСМ- Предлагаме исплата на плата за погодените компании од прилика 20.000 и спас на над 150.000 работни места.

ВМРО ДПМНЕ- ништо не направивте за компаниите.

СДСМ- Предлагаме исплата на 6.000 денари за сите пензионери кои имаат пензија помала од 15.000 денари.

ВМРО ДПМНЕ- ги заборавивте пензионерите.

СДСМ- Предлагаме закон за здравствена заштита, во кој ќе регулираме здравствените работници кои исполнуваат услови за пензија да можат да го продолжат работниот век.

ВМРО ДПМНЕ- Нормално кочи.

СДСМ- предлагаме закон за задолжување од светска банка за модернизација во земјоделието, овде спаѓаат двата регионални откупни пунктови во Ресен и Струмица.

ВМРО ДПМНЕ- блокира во собрание

СДСМ- Предлагаме закон за финансирање на општините со кои го менуваме нашинот на пресметка за финансирањето на општините од платеното ДДВ, заради подобро справување на истите со КОВИД кризата.

ВМРО ДПМНЕ- блокира.

СДСМ- Заради олеснување на јавниот превоз во град Скопје и секако заради намалување на загадувањето предлагаме закон за задолжување кај Европската банка за развој за финансирање на проектот воведување на брз автобуски превоз.

ВМРО ДПМНЕ- блокира

ВМРО ДПМНЕ бојкотираше референдум, нема ниту еден изборен пораз, најавува бојкот на пописот, што не се случило на ниту една нормална партија во светот, практично ВМРО ДПМНЕ блокира апсолутно се што е во интерес на граѓаните.

За каква сериозна партија зборуваме, за кое лидерство говориме?
Имав уште многу да набројам но ќе оставам за следна прилика.

ФБ статус на Костадин Костадинов