-Се собраа повеќе прашања што во различна форма им се упатени на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во период од две години. Со намера да придонесам кон расчистување на сомнежите во јавноста околу прашањата во овој преглед, ќе се обидам да ги соберам на едно место. Се разбира, постои можност некои прашања да се испуштени, па затоа ги молам читател(к)ите да ми испратат дополнителни прашања кои ќе ги објавам во првата наредна прилика.
Прашањата во овој текст се во голем дел упатени до актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како најповикан да ги знае одговорите на овие прашања, без оглед на тоа дали некои од нив се однесуваат на времето пред тој да биде претседател на партијата. Особено затоа што почесен претседател на партијата до пред многу кратко време беше токму неговиот претходник, а секако и заради блиската соработка во периодот на владеење на оваа партија.
Се разбира, прифаќам за дел од тие прашања да ме упати на други релевантни претставнички и претставници (функционери) на партијата. Напоменувам дека јавноста со нетрпение ги очекува одговорите на овие прашања, па затоа најљубезно замолувам тие да бидат одговорени во наредните две, најмногу три недели. Може по писмен пат, пред камера, пред диктафон, пред публика, на улица, во седиштето на партијата, во мојата канцеларија, било каде… Па да почнеме…
Дали ВМРО-ДПМНЕ има план да излезе од мултимилионскиот долг и во што се состои тој план? Како се финансира партијата во услови на долг од осум милиони евра?
Целата колумна на Џабир Дерала за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.