-Изјавите на Мицкоски и останатите од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ за ревизија на Преспанскиот договор, се апсолутно спротивни на содржината на новата методологија на ЕУ

Двата најзначајни мотори во политичкиот живот на секое мултипартиско општество се идеите и суетите. Оваа синтагма важи и за македонското политичко милје. Во изминатите три децении на домашната политичка сцена продефилираа воглавно суетни и суперсуетни политичари, лидери, чија суета влијаеше и врз нивното политичко искачување и пропаѓање, независно дали развиваа или практикуваа некоја позначајна идеолошка доктрина. Денес суетите на политичарите и се што произлегува од доменот на психологијата, односно она што ја афектира личноста, се позначајни од идејите и идеологиите како матрици за освојување на масите. Живееме во епохата кога идеологиите и доктрините се со низок профил и губат од некогашниот убедувачки сјај.

Во ВМРО-ДПМНЕ повеќе никој не зборува за социјалните прашања, за сиромаштијата, за пензиите, за минималната плата, невработеноста…  туку за криминалот, корупцијата, „Луј Витон“ судство, националистичкиот занес и патриотизам и, секако, за предавничкиот Преспански договор. Дали СДСМ беше толку ефиксен и итар што успеа да им ја одземе темата од социјалниот простор преку донесувањето на куражните закони од доменот на социјалата? Се добива чуството дека во ВМРО-ДПМНЕ заборавија да се смеат, сериозно загрижени за императивното освојување на власта, дури и по цена на жртвувањето на државните интереси (НАТО и ЕУ). Веројатно се ориентираат според онаа народната: кој последен се смее, најслатко се смее.

Колумната на Нано Ружин за Независен на следниов ЛИНК.