Хидро Мицкоски и неговата професорска свита и политички пиони се во далеку зад аут линијата. Каква порака му праќа „Конрад Аденауер“ на Мицкоски со состав на панелисти меѓу кои не е ниту тој, ниту неговите верни следбеници? Да се потсетиме на „славниот“ Мицкоски, пред да го проголта живиот песок на неговата погубна политика…

Мицкоски е во меѓународна изолација повеќе од две години. Тој е затворен во својот политички кафез веќе долго време. По неколкуте тешки политички порази, решетките на кафезот во кој чучи Мицкоски стануваат сѐ погусти и низ нив може да продре само „светлината“ на неговиот ментор Гревски. Но, далеку е Будимпешта…

Деструктивното однесување на Мицкоски за време најважните процеси за Северна Македонија, ја принудија и политичката фондација „Конрад Аденауер“ да ги прекине комуникациите и поддршката на партијата и на Мицкоски уште кон крајот на 2018 година. За помалку упатените, тоа е една од најважните политички фондации во светот, која ги промовира и поддржува политиките на демохристијанските партии во Германија и во светот, важна за сите политички партии што се дел од Европската народна партија, меѓу кои е и ВМРО-ДПМНЕ.

По серијата тешки неуспеси на Мицкоски и неговите верни придружнички и придружници, повторно се крена гласот на тие што со години се обидуваат да ја реформираат и демократизираат партијата. Фондацијата „Конрад Аденауер“ го препозна тој потенцијал и на својата „Катедра“ (17 септември 2020) на тема „Постизборни предизвици и ЕУ перспективата“ како говорници поканија неколку функционери на партијата кои се целосно надвор од кругот на верниците на Груевски-Мицкоски.

На панелот на Конрад Аденауер, се појавува и момчето со тротинетот, Тимчо Муцунски, кој во последно време искажува јасни несогласувања со актуелното раководство на чело со Мицкоски. Меѓу панелистите се најдоа и Васко Наумовски, поранеше пратеник и Кирил Миновски, поранешен министер за финансии од редовите на разнишаната партија. Хидро Мицкоски и неговата професорска свита и политички пиони се во далеку зад аут линијата. Каква порака му праќа „Конрад Аденауер“ на Мицкоски со ваков состав на панелисти?

Да се потсетиме на „славниот“ Мицкоски, пред да падне во целосен заборав и пред да го проголта живиот песок на неговата погубна политика…

Додека Северна Македонија јуреше кон Европа и светот, Мицкоски ја закопа партијата и сите нејзини сателити покрај шините. На неговата партија веќе со години се гледа како на коров, од кој може да има само штета и ништо повеќе. Со други зборови, Северна Македонија одржа неколку „состаноци со историјата“ и се врати на европската мапа како сјаен пример за добрососедство и враќање на демократијата по соборувањето на режимот на Груевски. За тоа време, извршителот Мицкоски, како што го нарекуваат, ја туркаше партијата во сѐ подлабока изолација.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.