Нема ништо позлобно од триумфализмот на Мицковски.
Веќе влезе во еуфоријата да мисли дека голем број избирачи го препознале него и неговата партија како добра политичка алтернатива за земјата.
Веќе мисли дека народот очекува од него, од врвот на белата палата, која е симбол на криминалот и корупцијата, а сега седиште на неговата партија, да поведе сериозна битка против криминалот и корупцијата. Никој во тоа не верува.
Мисли дека некој му верува во неговиот квазипатриотизам, кога сите нас не нарекува северџани и национални предавници.
Мисли дека некој му верува дека ќе биде поуспешен во одбраната на македонските национални интереси, кога е познато кој се од неговата партија веќе се декларирал како Бугарин и има бугарски пасош во џебот.
Мисли дека народот заборавил кој му даде на Али Ахмети амнестија за Хашките случаи, а на командантот на УЧК Флорина, му го даде местото министер за одбрана.
Мисли дека народот заборави на насилствата и обидите за убиство во Собранието, од разбеснетите хулигани на ВМРО, кои тој никогаш не ги осуди.
Мисли дека народот ги заборави криминалите на неговите сегашни финансиери кои ја организираа мрежата за нелегалното прислушување и шемите за перење пари.
Мисли дека го излажал народот за новиот лик на партијата и новите кадри меѓу кои моќникот Милошоски и многу други верни кадри на Груевски.
Мисли дека негова заслуга е што голем број незадоволни граѓани му свртеа грб на СДСМ.
И се додека така мисли и се чатали греши како оној со Ум максимум кој се нуди како “патриотска варијанта на СДСМ” и кој заборава кој бил и со кого бил до вчера.
СДСМ заслужи ваков вид на критика каква што доживеа во првиот круг од претседателските избори.
Можеше да биде повнимателен во односите со Бугарија. Можеше да биде подостоинствен во односите со ДУИ. И можеше да биде поспособен во решавањето на некои проблеми на граѓаните каков што беше и проблемот со промената на личните карти и на пасошите
Голем број од членовите за тоа јавно и без страв го критикуваа. Тој не апсеше новинари и не ја ограничи слободата на говорот.
Но, СДСМ и натаму ќе биде партијата која води политика
која е во најголем и најдолгорочен интерес на граѓаните. И затоа заслужува доверба дури и од свите најнезадоволни членови и подржувачи.
На СДСМ му е потребна обнова и преиспитување. Но сега пред гласањето на 8 ми мај секој граѓанин треба да се сети дека СДСМ во интерес на иднината и мирот, ризикуваше и се жртвуваше себе си за исчекор кон НАТО и кон членство во ЕУ.
На Македонија и е потребен СДСМ како силна рамнотежа, како партија која никогаш не се откажала од НОБ и АСНОМ и која е чувар на сеќавањето на најславните херои и традиции, како партија во која се вклучени огромен број интелектуалци, работници и селани кои се искрени патриоти и си ја сакаат Македонија многу поискрено и чесно од оние што секој ден се чукаат во гради и кажуваат како ќе ја одбранеле.
Убеден сум дека вториот круг на претседателските и денот кога секој од нас ќе избира партија и луѓе што ќе не преставуваат во Собранието, ќе се избира помудро отколку во првиот круг на претседателските.
СДСМ заслужува да му се лутиме. Но не заслужува да го казнуваме на начин за кој бргу по изборите, ќе ни стане јасно дека многу,многу сме погрешиле.
Имаме можност да покажеме дека Мицковски пред време се радува.
ФБ став на Ѓорѓи Спасов