И МИЗРАХИ СЕ ПРЕТЕРА!

Би сакал да ја потсетам министерката Мизрахи дека албанскиот народ, чијшто јазик не сака да го почитува и е спремна дури и казна да плати за кршење на закон и негово непочитување, токму тој албански народ спасил илјадници Евреи за време на Втората светска војна.

За разлика од ликови што ги слават нејзините сопартијци, како Ванчо Михајлов и други, што во тоа време му слугуваа на нацизмот и го помогнаа Холокаустот и масовното истребување на Евреите.

Ако е и од Мизрахи, многу е! Се претера! Ширењето институционална албанофобија, министерке Мизрахи, барем кај Албанците нема да ви помине со одбрана од наводен антисемитизам. Настрана тоа што сте во друштво на оние што бараа „гасни комори за Шиптари“. Со ова што го направивте денес, покажувате дека не само што сте сопартијци, туку сте истомисленици.

ФБ статус на Петрит Сарачини