-Проблемот за опозицијата е како да се постави пред „предизвикот“ на Мизрахи? Таа нема многу поим од секторот за којшто ја номинираа како технички министер, но нејзината свежа радикалност, помешана со еден припрост, инаетчиски популизам кој резонира контра политичките елити, ги полни медиумските наслови повеќе од сите секојдневни „плукачки“ соопштенија на партијата, пишува Сашо Орданоски во својата најнова колумна за ЦивилМедиа.
-Техничката министерка Рашела Мизрахи станува новата политичка ѕвезда на македонската десница. Со своето решително кршење на Уставот при извршувањето на службените министерски должности, Мизрахи сè повеќе ги собира симпатиите на порадикалните кругови во ВМРО-ДПМНЕ, но и на маргинализираната крајна десница вон партијата, собрани околу антизападните, анти-евро-атлантските, ултра-„патриотски“ движења. Тие своите инспирации ги црпат во идејата за нови панславјански, евро-азиски сојузи кон кои би требало да се стреми Република Северна Македонија, откако на следните избори би се поразила прозападната политика на сегашната власт.
Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.