-Повторно скриени зад лажниот патриотизам се продаваат популистички пуканки и ќорфишеци во спасување на уставното име на државата, националниот идентитет и јазик, пишува Ерол Ризаов во најновата колумна за Дојче Веле, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако се толку сигурни во победата зошто е неопходен овој циркус на опструкции на Законот за јавно обвинителство. По два месеци ако победат на изборите можат повторно да ја заробат државата и да ги укинат сите пресуди на своите избегани и осудени функционери, на тие што уште седат на обвинителна клупа, да воведат повторно нарачани судски пресуди на политичките противници и да ја вратат вмровската правда. За тоа ептен ги бива. Ги бива ама не ќе може повеќе. Заробениот ум на граѓаните во добар дел е ослободен. Можат да се заробат институции, ама тешко ќе се зароби повторно умот, освен на партиските војници и корисни будали…

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.