Со денови спонтано се организираа, за спонтано да се појават и да го сквернават чествувањето на 150 годишнината од раѓањето на основоположникот на идејата за независна Македонија, Гоце Делчев.
Сега спонтано, од нивната спонтана простотија, ќе прават спонтана национал-шовинистичка пропаганда по портали и социјални мрежи.
Медиумите и јавноста, спонтано окупирани од лудилото кое трае повеќе од една деценија, наместо со 150 годишнината на великанот, спонтано ќе се занимаваат со пропагандистичката помија сервирана од левата и десната рака на МВРО-ВМРО.
Наместо со Гоце Делчев и неговата идеја и аманет за светот како место за културен натпревар меѓу народите, спонтано ќе се бавиме со наци-фашизмот, силувањето, простаклукот и некултурата на гробарите на Македонија, кои продолжуваат со нивната спонтана борба за нејзино разнебитување и уништување.
ФБ статус на Петрит Сарачини