Ова не е техничка влада туку обична спрдачина.
Која глупост бре да направиш влада која треба да обезбеди демократски и фер избори, а тие како баздригани да почнат од првиот ден да се плукаат, да се клоцаат под маса, да си дофрлуваат навреди и да се омаловажуваат.
Се срамам бре од државата во која живеам која не може да направи сериозна техничка влада. Се срамам бре од инфантилците кои треба божем да ја водат државата. Се срамам од нивниот срам кој очигледно немаат капацитет да го почуствуваат.
Ма ова е толку ниско и примитивно што треба да се забрани за деца под 18 години.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска