По новогодишните обраќања и честитки од првите луѓе во државата, новогодишни обраќања имаа и лидерите на најголемите политички партии. Секој од нив со искрени желби за добро здравје, среќа, радост, мир, благосостојба и толеранција во претстојната година за целиот наш народ. Во поглед на желбите за општествено-политичките теми, горе-долу, кај секој од нив беше ставањето крај на пандемијата во новата 2022 година, што поуспешна економска година, конечно добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, успешно справување со светската енергетска криза и справување со сите други предизвици.

Секој од нас новата година ја дочека во различна атмосфера, онака како што сите сме си планирале. И еве додека сè уште си ја честитаме, си упатуваме меѓусебни желби, додека ги сублимираме впечатоците од новогодишните случувања, во јавноста продефилира спроведената анкета од агецијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, станува збор за анкета спроведена од 6 до 20 декември 2021 година врз 1023 испитаника на целата територија на Република Северна Македонија. Анкетираните граѓани имале можност да одговорат на неколку прашања и да го дадат своето мислење. Во поглед на резултатите, во анкетата се вели дека најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ е во предност од некои си скоро 9 проценти пред владејачката СДСМ.

Па така, сублимирајќи ги коментарите во јавноста и меѓу граѓаните по оваа спроведена анкета, очигледно е дека анкетата има спорни елементи, бидејќи никаде не е објавена маргината на грешка и никаде не го пишува начинот на кој истата е спроведена.

Исто така, спорен е моментот кога се обелоденети резултатите од истражувањето. Обелоденувањето на резултатите од оваа анкета во првите денови од новата 2022 година, сè поизвесно наговестува дека уште од самиот почеток кај првиот опозиционер Мицкоски се јавува доза на страв, неизвесност и несигурност заради враќањето на одредени луѓе на високи партиски позиции во владејачката СДСМ, кои ќе бидат дел од новиот владин состав, како и за тоа каков ќе биде начинот на делување на новото раководство на СДСМ во целина.

Целиот текст на Бојан Петрески на следниот ЛИНК.