Интелектуалците не можеа да симнат режим десет години. Тоа е се’ што треба да знаете за интелектуалците во Македонија. А сега во време на пандемија ќе зборуваме за слободи и свесност. Како да не знаеме дека интелектуалците се борат за своите фотељи џебови, мераци, викенди, хонорари (чест и поклон на една рака исклучоци). Ајде сега малку за функционално неписмената младина да позбориме, која има шанса за еден месец да се префрли на онлајн настава и да стане писмена!? Или за старите, болните и изнемоштени луѓе за кои интелектуалците не знаат дека постојат…Ние не учевме од Шведска, Холандија, Германија кога најмногу можевме, па сега ќе учиме. Не знам од каде толку високо колективно мислење, во толку ниска колективна свест. Седете дома и мислете како да им помогнете на младите кога ќе излеземе од изолација, за да не мораат да ги сркаат нашите тридецениски помии повеќе.
ФБ статус на Синоличка Трпкова







































