ДА СЕ ПРОТЕСТИРА ИЛИ ДА СЕ КОНКУРИРА ЗА ГРАНТ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СРАБОТИ?
“Протест пред Владата – инвент индустријата бара грантови, а не конкурси.”
Сите што некогаш во својот професионален ангажман се бореле да дојдат до работа знаат дека за да ДОБИЕШ ГРАНТ треба КОНКУРИРАШ.
Затоа, за милион евра наменски определени исклучиво за да се обезбеди РАБОТА за ивент менаџмент индустријата, секоја компанија треба да осмисли концепт, да конкурира, да ги исполни едноставните услови и да ДОБИЕ ГРАНТ за да сработи настан.
Пари има, милион евра. Треба да осмисли, да се конкурира и да се работи. Може и да се протестира се разбира, ама тоа би. било разбирливо ако немаше пари за ивент индустријата. А сега има. Милион за грантови и уште толку за бескаматни кредити. И сега? Да се протестира или да се конкурира?
ФБ статус на Марјан Забрчанец