Повеќе им верувам дека успешно ќе ги завршат историските процеси за европска Македонија на тие што ја почнаа последната најтешка етапа, отколку на тие што ги блокираа и што сакаат да ги поништат.
На претстојните парламентарни избори ќе гласам за Зоран Заев и за СДСМ затоа што знам дека тоа означува да се биде на праведната страна на историјата и дека е тоа придонес за развој на демократијата и за остварување на европската иднина и побрз севкупен развој на Македонија, која како што стана членка на НАТО во догледно време, за неколку години, ќе биде членка и на ЕУ. Новата методологија што ја нaмeтнува Франција не ја исклучува Македонија од нејзината европска ориентација. Нема да бојкотирам историски значајни избори бидејќи и покрај грешките и пропустите, досега завршената работа на премиерот Заев и на неговата коалициона влада во делот на европеизацијата на земјата е сигурна гаранција прифатена и потврдена од цела западна Европа и од Америка, што значи дека Македонија ќе ги почне преговорите во оваа 2020 година.
Тие што ја завршија оваа најзначајна работа заслужуваат доверба да ги доведат тие процеси до точка од која нема враќање назад. За жал до таму уште не сме стасале затоа наредните четири до пет години се исто толку клучни, дури би рекол позначајни од досега сработеното. Добрата работа е што понатаму напредокот, или заостанувањаето зависи само од нас. Најголемата опозициска партија се дистанцира од овој успех прикажувајќи го како предавство на македонските национални интереси. Се уште постои опасност да се расипе целата работа и Македонија да се врати назад каде што чмаеше цели 15 години во европската чекална, без да мрдне од место, како вечен кандидат.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле, прочитајте ја тука