Владата го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со коронавирусот.

Третиот пакет мерки посочија од Владата изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.
-Овој пакет има за цел заживување на домашните економски дејности, да ги трансформира и модернизира за да се создадат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија.

Станува збор за директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството, земјоделството и туризмот, како и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа.

Ефектите од овој пакет економски мерки се повеќе димензионални, па така резултатите кои ќе се постигнат со нив ќе значат и системски решенија:

Ќе се поттикне приватната потрошувачка
Ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и регионално ниво
Ќе се трансформира и унапреди дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење
Ќе се формализира дел од неформалната економија
Ќе се зголеми употребата на безготовинските плаќања како инструмент за сузбивање на сива економија
Ќе се овозможи модернизација и дигитализација на услугите и процесите
-Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоа, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка, изјави Фатмир Битиќи, советник на премиерот Оливер Спасовски.

Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување.

Според списокот кој го испратила Агенцијата до генералниот секретаријат до 22 мај има 119.000 вакви лица, додека околу 85.000 другите лица кои бараат работа и се пријавуваат на шест месеци, не влегуваат во оваа листа.

Но последниот филтер кој ќе добие картичка ќе го прави УЈП која ќе ги избрише тие кои имале приход по разни основи кои надминале 15.000 денари месечно.

Картичка со сума од 3.000 денари пак ќе добијат вработените со вкупни приходи не само од плата, до максимум 15.000 денари месечно.

На, списокот со помош од 3.000 денари ќе бидат и сите редовни средношколци и студенти од 16 до 29 години,но само од државните училишта и универзитети. Бројките сега се сумираат од повеќе институции, а финансии очекува во овие мерки да влезат околу 280.000 лица, за кои се издвоени вкупно 25 милиони евра, изјави Битиќи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.