Општина Бутел заедно со градот Скопје, предводени од СДСМ континуирано работат на реализација на бројни инфраструктурни проекти, односно во изградба и реконструкција на улици кои од претходната власт беа целосно занемарени, изјави за медиумите, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на општина Бутел.
„Завршена е реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“ во вкупна должина од 800 метри.

Претходно беше реконструирана дел од улицата „Александар Урдаревски“, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“.

Градиме по план и инвестираме во иднината на нашите сограѓани., Работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, посочи Божиновска.







































