Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека Владата повторно обезбеди рекордна поддршка за Крива Паланка.
Со усвојувањето на Предлог одлуката за прераспределба на средства од Буџетот на вчерашната седница на Собранието се обезбедени средства за реконструкција на трите главни моста над Крива Река во модерен лик согласно претходно обезбедените проекти и идејни решенија.
Министерот посочи дека се издвоени и обезбедени вкупно 26,6 милиони денари за мостовите кои, како што кажа, ќе станат значаен симбол на градот и ќе придонесат за севкупен развој на граѓаните, поврзувањата, економијата и туризмот.
Шанин мост – 10.800.000 денари
Виолетов мост – 6.200.000 денари
Осички мост – 9.600.000 денари
– Развојот на Крива Паланка е приоритет на кој работиме посветено и со сета енергија. Европскиот лик на градот се реализира со засилено темпо, активно работиме на исполнување на капитални инвестиции од огромно значење за градот и кривопаланчани, потенцира Николовски.