Д-р Ненад Коциќ, информираше дека преку волонтерските екипи на Црвен крст е пратена помош од Кризниот Штаб на општина Велес за лицето за кое објавија медиумите дека нема храна.
“Во текот на денот, после добивањето на информацијата дека возрасното лице нема храна пратена е помош од Кризниот Штаб на општина Велес, дистрибуирана преку волонтерските екипи на Црвен Крст.
Со дедото ќе бидеме во постојан контакт и ќе го покриеме и со евентуална медицинска помош.
Сакам да упатам АПЕЛ до сите да не се двоумат да побараат помош доколку им е потребна.
Сите Ние заедно ќе го победиме ова зло, затоа што ние сме солидарен, чесен и упорен МАКЕДОНСКИ народ!” – порача Д-р Коциќ.