Генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил ја објави веста за пуштањето во употреба на првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево.

“Убавина! Ми се полни срцето гледајќи го ова. Првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево е пуштен во употреба со што се спојуваат стариот и новиот дел од градот.

Благодарам за одличното партнерство на општина Делчево и Министертвото за локална самоуправа.

Од успесите нема да се срамиме! Ќе градиме и понатаму, ќе растеме заедно! На источниот регион ќе му го вратиме загубениот сјај во целост. Изминативе неколку години се само почеток.

Можеме уште повеќе и уште подобро 🇲🇰❤” – иапиша Николовски.