Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на својот Фејсбук прифил објави дека денска по втор пат за еден месец примил донација од владата и граѓаните на Република Австрија, која се сотои од 500-тина пакети со средства за одржување на лична хигиена за едно петчлено семејтво. Жерновски воедно изрази и благодарност до Народна Република Кина за нивната донација од 2.000 трислојни заштитни маски. Еве што напиша Жерновски:

“Пријателот во неволја е поблизок од брат”

Денеска, во присуство на амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас, и шефот на НАТО Канцеларијата во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ, во касарната “Гоце Делчев” во Скопје ја примив донацијата, која по втор пат во рок од еден месец, Република Австрија ја обезбеди за нашта земја како поддршка во борбата против КОВИД 19.
Помошта е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM) и Координативниот центар за реакција при елементарни непогоди на НАТО (EADRCC).
Се работи за 500-тини пакети со средства за одржување на лична хигиена за едно петчлено семејтво. Упатив благодарност до Владата на Австрија и до австриските граѓани за нивната несебичност и солидарност во време на криза, со што само се потврдува поддршката која Австрија во континуитет ѝ ја пружа на Република Северна Македонија.
Сојузниците секогаш заеднички одговаеаат на предизвиците, а членството во НАТО ни овозможи поголема сигурност и стабилност, како и можност полесно да се справиме со овој здравствен, но истовремено и економски предизвик.

Претходно, амбасадорот на Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо, од името на неговата амбасадата ни предаде нова помош наменета за превенција од Ковид-19 која се состои од 2.000 трислојни заштитни маски. И’ заблагодарив на Народна Република Кина за секој гест на поддршка која ја добиваме уште од почетокот на оваа криза.
Договорено е продолжување на контактите и на активностите на билатерелна основа, а потенцирана е и неопходноста од засилување на меѓународната соработка и солидарноста во насока на целосно сузбивање на оваа закана со која се соочува светот.

ФБ статус на Андреј Жерновски