Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во изборната единица 3, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил, објави видео од изградбата на експресниот пат Штип – Крупиште, посочувајки го Крупиште како една од најстарите населби во Европа, каде сега со изградбата на експресниот пат ќе се зголеми транспортот на добра и услуги.

“Во близина на Крупиште, е ископана една од најстарите населби во овој дел од Европа. Скелетот “Славе Македонски” е најден таму, бил стар речиси 8.000 години!

Крупиште било важна точка низ вековите, а денеска е точка до која доаѓа новиот експресен пат од Штип долг 14.3 км.

Нека се тргува, нека се разменуваат добра и услуги, нека се комуницира. Истокот од најзапоставениот регион го направивме пример за сите!

А можеме уште повеќе и уште подобро 🇲🇰❤ ” порача Николовски.