„Eфикасното искористување на природните ресурси и воспоставувањето на одржлив развој претставуваат клучна, трансформативна сила во подобрување на условите во државата. Преку капиталната инвестиција ‘Проект за наводнување на јужната долина на реката Вардар’ и инвестирањето во водостопанската инфраструктура, овозможуваме доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини во валандовскиот регион“, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски кој денеска е во посета на валандовско.

5„Дистрибутивните мрежи се во својата завршна фаза на изградба, природните ресурси се паметно искористени, а квалитетна вода во јужновардарскиот регион до почеток на летото ќе биде достапна за секој педа земјоделско земјиште во регионот“, посочи Николовски.

4„Одржливиот однос со природата и општествената одговорност ја поткрепуваат борбата со глобалното затоплување, а истовремено го поттикнуваат прогресот и развојот на економската сила на државата. Остануваме верни на нашите вредности и цели – подобра иднина, инклузивно и одржливо општество“, вели вицепремиерот.

32