Скопје денес го доби првиот семафор со тастер. Ваквата регулација на семафорите веќе оддамна е пракса во европските земји, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот, но и подобро се регулира движењето на автомобилите и нивното непотребно задржување на семафорите кога нема пешаци кои ја преминуваат улицата.
Оваа локација беше одбрана како прва во градот, по иницијативата на граѓаните на Општина Аеродром за изнаоѓање на сообраќајно решение, по низата сообраќајни незгоди на булевар Србија, во кои имаше и човечка жртва.
Граѓаните пред камерата на ТВ 24 го изразија задоволството од овој потег на Град Скопје.
“Секоја чест што се ова направи и би трабало на многу места во градот каде што има многу фреквенција…”, “Ова е фина работа, ова го има во Загреб уште кога служев војска, многу одамна”, “Во принцип одлична работа, меѓутоа не знам кај нас колку и како ќе функционира, дали ќе се злоупотребува…”, коментираат повеќето граѓани.