Растот на платите продолжува и во новата 2020 година.
Веќе од овој месец вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 отсто.
Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката ќе добиваат повисока плата.
Од февруари повисоки плати ќе добијат и вработените во здравството. Лекарите специјалисти, општите лекари, медицинските сестри, здравствените соработнции, техничкиот персонал, односно над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец ќе добијат значително повисоки плати.
Вреди да се истакне дека платата на еден лекар специјалист на некои клиники веќе сега достигнува 100.000 денари. Од февруари платата на лекарите специјалисти со дежурства на клиниките ќе надминува 100.000 денари, а во општите болници ќе биде приближно 100.000 денари.