Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил.
Силно го поддржуваме земјоделството преку третиот пакет економски мерки. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството во Северна Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки.
Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за рестарт на економијата, порача Заев.