Пожарот кој од завчера е активен во источна Македонија, вчера се засилил.
Според пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, состојбата е загрижувачка и се бара интервенција од воздух.
„Пуштајте хеликоптери и авиони бидејќи веќе се зафатени и викендици, овде човечка нога не може да стапне“, вели во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потврди дека едно лице, сопственик на викендица е повреден.
Тој додаде дека веќе на терен дејствува Ер трактор.








































