Од прес-конференцијата беше упатен силен и недвосмислен апел до пратениците да кажат „НЕ“ на ова законско решение, кое беше оценето како деструктивно и штетно за егзистенцијата на илјадници семејства.

Пред претставниците на медиумите се обрати претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, кој нагласи дека државата со овој чекор свесно води една целосно легална дејност кон банкрот.

„Со носењето на овој закон, повеќе од 10.000 директно вработени ќе останат без приход и работа. Заедно со нивните семејства, тоа се преку 35.000 луѓе кои државата свесно ги прави идни кандидати за иселување“, изјави Илијевски, потенцирајќи дека наместо заштита, граѓаните добиваат економски егзодус.

Самите вработени, како директно засегнати, испратија порака дека бараат итно повлекување на предлог-законот и отворање на вистински дијалог. Тие предупредија дека доколку законот се турка без јавна расправа и се изгласа во прво читање, денешниот собир ќе биде само прв чекор.