-Убавите работи се за споделување, па дозволете ми да го изразам големото задоволство што конечно ќе добиеме сериозно македонско производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и своевремено министер за земјоделство кога се подготвуваше најголемата досега инвестициија во земјоделството во кривопаланечкиот регион, бројлеското производство на пилиња од страна на конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“.
“Долго време како прашање добивам “Зошто мораме да купуваме аргентинско, бразилско и какво не пилешко месо, зар нема македонска земја каде може да се одгледуваат пилињата?”
Конечно, се најде решение! Домашно, македонско!
Благодарам на конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“, составен од домашни и странски инвеститори, што изразија желба за една ваква инвестиција. Мене лично, ми беше чест што можев да учествувам во еден вака важен проект за нашето стопанство во регионот и што помогнав да ги охрабриме инвеститорите да вложат сериозни финансиски средства и да донесат најнова германска технологија во овој преубав регион.
Целиот комплекс во село Гиновци и Псача ќе биде согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните како и заштитата и безбедноста при работа.
Во период од 4 – 5 години конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“ планира да произведува 12, 5 милиони бројлери годишно. Тие ќе бидат регионални добавувачи и партнери на КФЦ, кои со проширување на работата во балканските земји ја зголемија и потребата за пилешко месо.
Можеме уште повеќе и уште подобро. Одиме напред заедно”, вели Николовски













































