Како што стојат работите, одлични ни се шансите да избегнеме политичка криза со драматични размери. Сепак, сѐ упатува на тоа дека избори ќе има – на 5 јули. Поместувањата на датумот може да бидат микроскопски, иако непотребни. Тоа ќе нѐ поштеди од политичко цунами со несогледливи последици.

Дека ќе има избори на 5 јули е јасно како ден. Може да се види и на терен и на интернет. Политичките партии од целата македонска политичка палета веќе водат политичка кампања. Иако се заканува со бојкот, и партијата на Мицкоски води силна и далеку од евтина кампања. Партиските ќелии работат со полна пареа, а социјалните мрежи и интернет медиумите веќе одамна ги вкрстија своите мечеви во изборен контекст.

Иако немаат пари, кутрите, ВМРО-ДПМНЕ „штанцаат“ онлајн содржини, сосе видео спотови небаре се филмска продукција. Не штедат ниту за продукција, ниту за рекламирање на социјалните мрежи.

Пропагандните тимови на партиите, па и трол фабриките во виртуелниот, а активистите и функционерите се на терен, делат маски (и такви со сонцето од Кутлеш) и политички пораки во неизмерни количини. Значи, сѐ е спремно за судбоносниот ден на изборите, за граѓанската одлука да изберат меѓу две силно спротивставени концепции за македонската иднина.

Сега, останува да видиме колку ќе биде безбедно да се гласа во услови на пандемија. И тоа е лесно прашање, како што ви напишав вчера.

Прво и основно, без оглед на тоа дали и колку некој мисли дека коронавирусот постои или не постои (има многу такви, да се чуди човек), основно за секого е да биде воспитан од мама и тато и да мие раце и да одржува хигиена редовно. Така е воспитан и Мицкоски, како што се уверивме од една од неговите бескрајните ТВ беседи.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.