Филипче: Кампањата на ВМРО против ДУИ се претвори во дилови за гласање, цената допрва ќе ја видиме
8 јуни , 2024
Пратеникот Венко Филипче на својот Facebook профил вели дека во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предале граѓаните и ја изневериле довербата која им ја дадоа.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела.
Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме.
Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.
Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие.
Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катастрофа.