Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
„Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што претставува 68%, од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство“, изјави Бачовски.
Покрај успешната реализација на авансната исплата кон сите земјоделци АФПЗРР, до сега усешно, кон земјдоелците ја има реализирано поддршката за оддржување на лозови насади и остварено производство на грозје. Потоа поддршката за оддржување на овошни насади и остварено производство на овошје, мерката дополнителни 3 денари за предадена јаболка во откупни центри или преработувачки капацитети. Исплатена кон земјоделците е и финансиската поддршка за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури, без и со користен сертифициран семенски материјал како и финансиската поддршка за производство на градинарски култури.
Во делот на сточарското производство, реализирани и исплатени се основните и дополнителните субвенции за одгледувачите на овци, основните плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, како и директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици.
„Државната поддршка во земјоделството, преку субвенционирање на земјоделците е најсилен инструмент за поттикнување и зголемување на производството на храна и обезбедување сигурност и оддржливост на македонското земјоделско производство. Со годишна поддршка од близу 150 милиони евра, преку програмите за директни плаќања, националните и европски програми за рурален развој, целиме кон профитабилни земјоделци и конкуретно производство за домашните потреби и за побарувањата на странските пазари“, изјави Бачовски.