-Рекорден и до сега најголем Буџет во земјоделството. Со новиот Буџет за 2023 година обезбедуваме близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците, обзнани вечерва, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и посочи:

Преку овој Буџет започнуваме со целосна имплементација на најголемата земјоделска реформа со која:

✅️ земјоделците добиваат предвремена исплата од 30% на субвенциите во тековната година✅️ дополнителна субвенција за значајните култури
✅️ поголема и побрза поддршка за сточарите
✅️ ја продолжуваме поддршката до секој земјоделец преку Интервентната програма
✅️ 10.000 евра поддршка преку новата мерка бизнис план во земјоделството за земјоделците чија основна дејност е земјоделството
✅️ поддршка за советодавни услуги на земјоделците
✅️ поддршка за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни приизводи обезбедувајќи здрав оброк за учениците во основните училишта
✅️ грант до 10.000 евра за поддршка и развој на малите семејни винарии
✅️ грант до 10.000 евра за поддршка на малите производители на храна и развивање на продажбата од фарма
✅️ развој на селата преку поддршка на земјоделските задруги

Дополнително за инвестиции и развој на македонското земјоделство на располагање во наредните 7 години ја ставаме новата #ИПАРД 3 Програма, вредна 210 милиони евра, со можност за авансна исплата на поддршката до 50% и со зголемување на прагот на минимум прифатливите трошоци по проект од мерките 1, 3 и 7 на ИПАРД 3 Програмата.