Емил Димитриев, „пржинскиот премиер“ беше гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, кој наместо премиер – 100 дена, остана премиер 16 месеци.
-Тоа се случи заради повеќе фактори, најмалку по моја желба. Првата идеја за отпочнување со работа на „Пржинската Влада“ беше утврдена со закон и главни приоритети. Но, бидејќи имаше две пролонгирања за одржување на изборите, фунциониравме 16 месеци. Мое лично мислење креирањето на една ваква влада е лош сигнал за Македонија, особено што тоа дојде по неколку успешни циклуси. Овој тип на влади е својствен за општества каде политика има силно влијание во институциите и се бара како тоа влијание да се сведе на минимум и партиите да се контролираат едни со други. Ова не е нешто со кое ние како влада треба да се гордееме. Си го прифативме како решение и секоја партија се бори да го има како механизам. Ние треба да го издигнеме нашето општество на ниво во кое нема да има потреба од таква влада, во кое институциите ќе функционираат независно од политиката. Во прв план ако не отидеме на промена на овој модел, треба да размислиме за промена на рокот на функционирање на оваа влада. Три месеци е предолг рок. Евидентно е дека прва работа која се случува е конфликтот помеѓу функционирети, блокада на институциите и крајниот негативен ефект го плаќаат граѓаните- рече во гостувањето на „Утрински брифинг“, „пржинскиот премиер“ Емил Димитриев.