Веке подолго време, секојдневно до нашата редакција пристигаат поплаки од загрижени граѓани на Крива Паланка, за сообраќајниот хаос низ градското подрачје.
Граѓаните се револтирани за немањето на сообраќајна култура кај возачите кои возилата ги паркираат на тротоарите па луѓето се приморани да се движат по самите улици каде се загрозени по својот живот, заради брзото возење и возењето под дејство на алкохол. Ова станува по загрижувачко заради толеранцијата и игнорантското однесување на полицијата а особено по смената на раководната позиција во сообраќајот и смената на старите и искусни сообраќајци со ново поставени, кои од за нив познати причини не ги препознаваат ваквите прекршоци што најчесто резултираат дури и со човечки животи.
Крајно време е полицијата да биде на страната на законот и да овозможи безбедни улици за граѓаните.