Вчера, Талевски од СДСМ на прес конференција обвини дека функционирањето на Министерството за внатрешни работи под палката на техничкиот министер Наќе Чулев, во ништо не се разликува од начинот на кој Гордана Јанкуловска раководеше со ВМРО-МВРО.
“Фотографиите објавени во медиумите, на кои според нив полициски службеник вработен во прилепската полиција шмрка кокаин, потврдуваат дека секогаш кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководат со полицијата, граѓаните со право се плашат за својата безбедност.” – рече Талевски.
Тој истакна дека граѓаните очекуваат одговор и од поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, да ја објасни неговата поврзаност со осомничениот. Новопоставениот началник на ОВР – Прилеп, Трајче Георгиески, кој е директно именуван од Наќе Чулев, има обврска да излезе во јавност и да објасни дали полицаецот кој според медиумите конзумира кокаин, е во неговиот најблизок тим.
Граѓански збор, дојде до фотографии кои можеби ќе ги расчистат дилемите околу вчера поставените прашања.
Затоа, сега ние прашуваме: Дали на фотографијата се полицаецот кој според медиумите шмрка кокаин и поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристевски?
Дали на оваа фотографија се полицаецот што според медиумите шмркаше кокаин и новопоставениот началник на ОВР – Прилеп, Трајче Георгиески, кој е директно именуван од Наќе Чулев?!
Дали на фотографијата подолу се полицаецот кој според медиумите шмркаше кокаин, во друштво на софра, покрај останатите и со координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп?
Дали на оваа фотографија се полицаецот кој според медиумите шмркаше кокаин, повторно во друштво, на софра со новопоставениот началник на ОВР Прилеп и дали со објавата се закануваат дека се “враќаат”?!