Во 2018 во земјава не е увезен опасен отпад, посочи заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, при при денешната посета на Велес. Тој појасни дека во државата никој нема добиено дозвола да се увезе отпад за истиот да се чува некаде.
Тој рече дека, како што кажале и претходно, „Дрисла“ нема добиено дозвола од МЖСПП за увоз на таков отпад.
Макрадули појасни дека контролите се постојани и има систем во кој се и тие потписници на ратификации коишто постојат како Базелската Конвенција, a која што се споредува со други држави.
-Во овој момент во „ОХИС“ има подготвен опасен отпад кој треба да го изнесеме од државата и тој ќе влезе во некои западноевропски земји каде што има технологии за обработка на тој опасен отпад, бидејќи во земјава не постојат технологии за преработка на тој опасен отпад, појасни Макрадули.
Тој им порача на граѓаните дека тие се будни и редовно се вршат контроли,а целта им е да се врати довербата на граѓаните кон институциите.