Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми во интервју за А1он информираше дека при крај е истрагата за најмалку двајца актуелни судии и еден обвинител. Тој тврди дека оваа истрага ќе го отвори патот кон нови сознанија за останати судии и обвинители.
Според Муареми, оваа година финансиската полиција со кривични пријави лоцирала криминал во вредност од 150 милиони евра односно 50 милиони повеќе од минатата година. Како што вели, проблемот е во тоа што најголем дел од кривичните пријави не се спроведени пред надлежните обвинителства и нема оформено обвиненија.
Муареми вели дека за оваа спрега помеѓу Финансиската полиција и Обвинителството одговорноста е кај Бирото за судски вештачења.