Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска учествуваше на работилницата на тема „Дефинирање на индикаторите за корупција во јавните набавки“, организирана од Центарот за граѓански комуникации.

„Јавните набавки се меѓу областите што се најранливи во однос на корупцијата, од причина што во нив се вклучени огромни финансиски средства и постои директен контакт меѓу државата и приватниот сектор.“ – посочи Николовски по работилницата.

ljupco

„Управувањето со јавните набавки е особено важно за обезбедување конкуренција на пазарот и квалитет на стоки и услуги. Затоа сме насочени кон креирање системски мерки и политики кои ќе ги намалат ризиците од корупција во јавните набавки на државните претпријатија и локалната самоуправа. Во овој процес особено ни се добредојдени и важни истражувањата на граѓанскиот сектор.“ – заклучи вицепремиерот.