Истокот станува вистински пример за инфраструктурна-градежна офанзива. Над 87 милиони евра се инвестирани во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Крива Паланка и регионот. – порача денеска вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски извршија увид во повеќе инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка.

Денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на платежната агенција, Никола Бабовски, и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, бевме на локациите каде што во завршна фаза се градежните активности на три патни правци – локалниот пат во с. Трново и локалниот пат во с. Голема Црцорија, финансирани од програмата за рурален развој, како и регионалниот пат Крива Паланка – Луке што го опфаќа и селото Голеш , финансиран од Јавното претпријатие за државни патишта. – рече Николовски.

Во моментов околу Крива Паланка се градат и реконструираат 110 км пат, ќе продолжиме и натаму да работиме на развојот на овој крај, дециден е Николовски.