Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа во Крива Паланка по повод пуштање во употреба на рехабилитиран државен пат Крива Паланка – ГП Деве Баир.

417528146_916889486471555_601451711452759612_n
На настанот учествуваа и амбасадорот на ЕУ за Северна Македoнија, Дејвид Гир како и на директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу.

417514194_916889816471522_6508859442267653276_n
– Завршуваме уште еден од многуте капитални проекти кои играат важна улога во поврзувањата на североистокот и поврзувањето на државата со соседните држави. Патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е една од најбитните делници како за регионот, така и за целата држава бидејќи нѐ поврзува со соседна држава и токму на овој пат се одиваат најголемиот дел од патувањата на патниците, но и транспортот на материјалите и стоките наменети за извоз, порача Николовски.

417432982_916889726471531_8510371677838279717_n
-Со овој проект ја комплетираме целата делница која минува низ Коридорот 8 и која што во изминатиов период беше целосно реконструирана, односно беа завршени делниците Куманово – Страцин и Ранковце Крива Паланка. Активно инвестираме во истокот и североистокот, градежната експанзија се гледа во секој сегмент, активно се инвестираат околу 115 милиони евра за подобрување на магистралните патишта како овој тука, изградба на експресен пат од Страцин до Крива Паланка, изградба на железницата кон Деве Баир, проект кој се работи после подолги години на застој, рече министерот Николовски кој потекнува од Крива Паланка.

417432935_916889673138203_3034440506372944446_n
– Денес мора да кажам дека ми е посебно драго што отвараме рехабилитран магистрален пат во Крива Паланка, каде што изминатава година реализиравме десетици проекти од локална патна мрежа, а преку владините програми инвестиравме повеќе од 260 милиони денари во инфраструктура и други капитални обекти. Успешно изградивме селски патишта, реконструиравме 11 градски улици, инвестиравме во спортот, културата, ставивме акцент и на руралниот и на урбаниот развој. Работиме за да обезбедиме подобар живот за граѓаните на државата, подобар стандард, за организирано општество и подготвена заедница, обезбедуваме развој на секој поединец бидејќи така се гради успехот на граѓанството и успехот на државата, додаде Николовски и вети дека продолжуваат со нови проекти за нови успешни градежни офанизиви.

417476341_916890566471447_1286491876968282599_n