– Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, велат од владејачката партија.
“Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.
Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.
Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.
Измените на Законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.
СДСМ доследно ги реализра стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО”, се вели во партиското соопштение.