„СДСМ за само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажа дека може да ги решава децениските отворени прашања, но и да ја постави државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО.
Со ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол во Собранието на Република Северна Македонија остварена е тридецениска стратешка заложба на земјата за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО.
Нашата држава е рамноправен партнер на НАТО, што значи не само безбедност, стабилност и сигурност, туку и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.
Сепак и во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ.
Тоа го покажаа и во Собранието кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО.
Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ, а ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол е дополнителен мотив да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата.
СДСМ останува силно посветен на реализација на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.