“Нема поголемо лицемерие од тоа Христијан Мицкоски да тврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборела за повисоки плати и пензии.
ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ги зголеми платите и пензиите на граѓаните, но наместо тоа се посвети на криминални тендери и лично богатење.
ВМРО-ДПМНЕ со години ги држеше платите замрзнати, тврдеше дека не е можно покажување на минималната плата, пензионерите редовно ги манипулираше, а реедовното усогласување на пензиите го правеше надвор од законот.
И во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ги застапува само партиските интереси, а не интересите на граѓаните бидејќи се противеше на се што значи повеќе пари кај граѓаните.
СДСМ ја зголеми минималната плата од срамните 9.000 денари во 2017 година на 14.500.
Просечната плата за 2,5 години е зголемена за скоро 3.000 денари од 22.889 во мај 2017 на 25.726 денари вооктомври 2019 година
Од идниот месец над 320.000 пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија.
Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.
ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат си го покажа вистинското лице кога гласаше против буџетот за 2020 година со кој ќе продолжат да растат платите, уште повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и да се унапреди животниот стандард на се повеќе граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ниту се борело ниту ќе се бори за повисоки плати и пензии. Во белиот дворец се борат само за обнова на режимот но тој план нема да им успее.
На 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и иднина со СДСМ
На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ, да продолжи враќањето на парите кај граѓаните, повисоки плати, пензии, подобри услови, пониски трошоци.” – реагираат од СДСМ.