„Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски преку неговите пратеници и Влатко Ѓорчев упорно продолжува да работи директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

Ѓорчев како претседател на Комисијата за труд и социјална политика ја злоупотребува функцијата и ја блокира расправата за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.

Мицковски и Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се покачат платите во високото образование, не сакаат граѓаните да имаат повеќе пари, тие се научени парите да завршуваат само во белиот дворец.

Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа на 12 април ќе ги казнат штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси.

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека политиките на СДСМ што значат раст на платите и повеќе пари во семејствата е правиот, вистински пат“, се вели во соопштението на СДСМ.