Како што објави порталот А1 он, денеска на Јутјуб повторно осамна нова аудио снимка од конверзација помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Александар Николоски кој е носител на кандидатската листа во изборната единица четири, на ВМРО-ДПМНЕ.

Новата „бомба“ која е објавена на Јутјуб каналот Обнова на режимот е именувана како „Николовски има два авиони со шиптари да направиме сообраќајка“.

Во овој разговор се слуша како Јанакиески му предлага на Николовски да направат лажна сообраќајка или да превртат трактор за да се затвори патот од аеродромот кон Скопје за да се спречи гласање на Албанци кои со два авиони треба да слетаат во 16.30 часот. Во разговорот се спомнува и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.