Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во ноќните часови кон понеделник ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од денеска во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег.